дома Магазин 🎥📸 Костјук во провокативен фустан ги „запали“ фановите ширум светот

🎥📸 Костјук во провокативен фустан ги „запали“ фановите ширум светот

Една од најатрактивните тенисерки во светот, Марта Костјук игра во формата на својот живот оваа сезона

Една од најатрактивните тенисерки во светот, Марта Костјук игра во формата на својот живот оваа сезона. Жешката Украинка го освои Мастерсот во Мадрид, а потоа играше во полуфиналето на Ролан Гарос и Вимблдон, што ѝ донесе скок на 11-то место на ВТА листата.

 

Костјук, како и многу тенисерки, едвај чекаше да дојдат слободните денови. Таа пристигна на Ибица и пушти серија атрактивни фотографии, а нејзиното видео на Инстаграм особено предизвика вистинска возбуда.

Таа се појави во фустан со смели кроеви на половината и на стомакот, што предизвика воодушевување на фановите на социјалните мрежи.

Објавата брзо собра над 93.000 лајкови, а коментарите само се редеа. Меѓу првите што коментираа беше нејзината пријателка, колешката тенисерка Ева Лис, која ѝ прави друштво.

„Дали воопшто ми е дозволено да дишам покрај тебе во таа облека?“, напиша германската тенисерка.

Марта е личност која не се срами да ја покажува својата фигура и често ја нарекуваат една од најсексипилните тенисерки на Турнејата.

ПредходнаСè повеќе припадници на генерацијата Z влегуваат во врски на работа, а некои би дале отказ поради тоа.
СледнаОлисе среде семејна драма: „Ужасно е колку некој може да биде невнимателен кон сопственото дете“