дома Македонија Гостивар утре треба да добие техничка вода, над 4.000 граѓани досега побарале...

Гостивар утре треба да добие техничка вода, над 4.000 граѓани досега побарале лекарска помош

Гостиварци, според најавите, утре би требало да добијат вода за техничка употреба. Според надлежните, во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје.

Од друга страна, информациите што ги објави Министерството за здравство, покажуваат дека осцилира бројот на пациенти кои бараат лекарска помош, иако вкупниот број достигна бројка од 4.070 граѓани.

Јавно објавените податоци покажуваат дека првите пациенти почнале да бараат лекарска помош уште на 14 јули и бројот на нови пациенти секојдневно растел за пикот да го достигне на 18 јули, ден пред Министерството за здравство да прогласи епидемија.

Но, она што е чудно е зошто никој не алармирал од 14 до 17 јули дека нешто се случува во Гостивар кога бројката на пациенти со слични симптоми секојдневно растела во овој период.

Според изјавата на министерот за здравство Сашо Клековски, Министерството за здравство ја добива првата информација дека нешто се случува во Гостивар во петокот на 17 јули кога и беше објавена информација во медиумите.

 

ПредходнаОгромен пожар во Франција: Пламен на 15 километри од Бордо
СледнаСин ја влечел мајка си со возило 20-тина метри