дома Локално Продолжува периодот на топло и ветровито време

Продолжува периодот на топло и ветровито време

Продолжува периодот на топло и стабилно време. За денес се најавува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од од 7 до 16, а дневните од 28 до 35 степени.

Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во понеделник се очекува повремен локален дожд, наместа со услови за нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПредходнаТешка кражба во потстаницата Драчево, украдена опрема вредна пет милиони евра
Следна63 години од катастрофалниот скопски земјотрес