дома Свет Украина: Руските сили го нападнаа Киев, пожари во три градски области

Украина: Руските сили го нападнаа Киев, пожари во три градски области

Рано утрово, руските сили го нападнаа Киев, а нападите предизвикаа пожари во областите Десњански, Шевченковски и Соломјански, објави денес Државната служба за вонредни ситуации на Украина.


Според спасувачите, во областа Десњански изгоре магацин, заедно со 10 автомобили и камион на паркингот, пренесува УНИАН.
Напуштена четирикатна зграда изгоре во областа Шевченковски, а пожар и уривање на зградата се пријавени во нестанбена зграда во Соломјански, објавија спасувачите, потврдувајќи дека сите пожари се изгаснати и нема пријавени жртви.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека остатоците од дрон паднале врз 18-катна зграда во областа Шевченковски, предизвикувајќи пожар на 7-миот и 8-миот кат.

ПредходнаМаж уапсен во предградие на Атина кој планирал напад врз куќата на судски службеник
СледнаВикенд метеж по патиштата и граничните премини