дома Македонија Едниот ер – трактор надвор од употреба, оштетен е од невремето во...

Едниот ер – трактор надвор од употреба, оштетен е од невремето во Скопје

Невремето кое минатата недела го зафати Скопје оштетил и еден ер трактор со што сега Дирекцијата за заштита и спасување останува со два ер трактори.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека веднаш ја контактирале фирмата која ги сервисира ер тракторите и е побарано да испратат нивни механичари.

– Штетата можеби не е голема, но тој сега е надвор од употреба. Стапивме во контакт со фирмата која е заодлжена за сервис, фирмата Титан и побаравме најбрзо што може да испратат механичари. Јас очекувам дека и нашите механичари ќе може да се справат со овој предизвик, но правилата во воздухопловството се многу строги и налагаат да дојде прво нивна екипа тука. Така што во наредните денови третиот ер трактор ќе го немаме на располагање, но тука се двата полициски хеликоптери и и еден армиски хеликоптер, изјави Ангелов вечерва за Сител.

ПредходнаСин ја влечел мајка си со возило 20-тина метри