дома Македонија Син ја влечел мајка си со возило 20-тина метри

Син ја влечел мајка си со возило 20-тина метри

Жител на општина Петровец е приведен бидејќи преку отворен прозорец со возило „фиат“ ја влечел својата 42-годишна мајка околу 20 метри при што жената се здобила со повреди.

Инцидентот се случил вчера околу 18:50 часот, а осомничениот Р.Д. на возраст од 24 години е приведен истиот ден во 20:30 часот.

Жената е пренесена во болницата „Св.Наум Охридски“ каде и е укажана лекарска помош.

МВР најавува кривична пријава по целосно документирање на случајот.

ПредходнаГостивар утре треба да добие техничка вода, над 4.000 граѓани досега побарале лекарска помош