Рано утрово, руските сили го нападнаа Киев, а нападите предизвикаа пожари во областите Десњански, Шевченковски и Соломјански, објави денес Државната служба за вонредни ситуации на Украина.

Според спасувачите, во областа Десњански изгоре магацин, заедно со 10 автомобили и камион на паркингот, пренесува УНИАН.
Напуштена четирикатна зграда изгоре во областа Шевченковски, а пожар и уривање на зградата се пријавени во нестанбена зграда во Соломјански, објавија спасувачите, потврдувајќи дека сите пожари се изгаснати и нема пријавени жртви.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека остатоците од дрон паднале врз 18-катна зграда во областа Шевченковски, предизвикувајќи пожар на 7-миот и 8-миот кат.




