Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладне ќе тргнат 40-тина коњаници кои на 2 Август треба да пристигнат во Крушево на одбележувањето на големиот празник Илинден.

Меѓу учесниците на 48. традиционален Илиденски коњички марш има и пет девојки. Тие на 31 јули ќе се спојат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола.
48. Традиционален Илинденски коњички марш се одржува секоја година во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.




