дома Свет Балкан Телата на пет алпинисти на БиХ, пронајдени на планината Елбрус

Телата на пет алпинисти на БиХ, пронајдени на планината Елбрус

Телата на пет алпинисти се пронајдени на планината Елбрус.  Починатите се државјани на Босна и Херцеговина, пишува „Гардијан“.

Руските власти велат дека странска група од седум алпинисти се обидела да се искачи на врвот на 24 јули. Сепак, групата отстапила од рутата поради влошување на временските услови.

Еден од алпинистите се спуштил и ги известил властите дека двајца членови на групата се разболеле на надморска височина од 5.100 метри и починале. Спасувачките екипи пронашле еден преживеан алпинист, како и телата на уште тројца алпинисти.

Босанскиот министер за надворешни работи Елмедин Конаковиќ го опиша инцидентот како „голема трагедија“.

Планината Елбрус, која се издига на 5.642 метри, е позната по ненадејните промени во времето и условите за искачување.

ПредходнаНад 375.000 евакуирани поради пожари во Франција и Шпанија
СледнаСобранието го изгласа ребалансот на државниот буџет