дома Македонија (ВИДЕО) Пожар во велешко, се шири кон автопатот Велес – Штип

(ВИДЕО) Пожар во велешко, се шири кон автопатот Велес – Штип

Попладне избувна пожар во велешката месност „Дорутовец“, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот.

Во гаснењето се вклучени и два ер трактора на Дирекцијата за заштита и спасување од каде информираат дека опасноста е намалена, но пожарот е раширен во правец на патот Велес – Штип поради што е побарана интервенција од полицијата за регулирање на сообраќајот.

– Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен, велат од ДЗС.

Инаку, во државата до 18:00 часот регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, при што aктивни се четири пожари, а изгаснати се пет пoжари.

ПредходнаКомуналец Гостивар доби нов в.д. директор