Од денес следува период на сончево и топло време со пораст на температурите.

Синопичарите за денес најавуваат слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максималната од 30 до 35 степени.
Во Скопје, слично време со утринска температура до 18 и дневна до 33 степени.



