Цаневска: Гаши повторно го прескокнува Илинден, наместо на Мечкин Камен оди во Египет

Катерина Цаневска, член на советот на Град Скопје, преку објава на социјалните мрежи упати критики до претседателот на Собранието, Африм Гаши, наведувајќи дека втора година по ред нема да присуствува на чествувањето на Денот на Републиката.
Според неа, наместо да присуствува на централната прослава на Мечкин Камен во Крушево, Гаши ќе престојува во Египет, а на настанот ќе го претставува пратеникот Антонио Милошоски. Цаневска потсетува дека и минатата година, на одбележувањето во Пелинце, негов претставник била Весна Бендевска.
„Ако првиот човек на законодавниот дом не покажува почит кон државните празници и историските симболи, каква порака им испраќа на граѓаните? Почитувањето на Републиката не се докажува со декларативни честитки, туку со физичко присуство таму каде што се граделе државните темели“, наведува Цаневска.
Таа на крајот го поставува прашањето дали, според неа, дел од функционерите ја водат државата за да ја градат или само за да ги користат привилегиите што ги носат нивните функции.




