дома Локално На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути

  Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица,  каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПредходнаИзнајмувањето стан во Германија станува сè потешко финансиски
СледнаИзложба „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)”