дома Свет Брисел смета дека ФИФА би можела да ги прекрши правилата за конкуренција...

Брисел смета дека ФИФА би можела да ги прекрши правилата за конкуренција на ЕУ

Плановите за продажба на делови од ФИФА ќе бидат предмет на истрага од страна на ЕУ поради сомнеж дека претставуваат закана за фудбалот, предупреди денеска еврокомесарот за спорт Глен Микалеф.

Микалеф во објава на социјалните медиуми оцени дека најавените предлози за лицитирање со малцинските удели во ФИФА потенцијално претставуваат прекршување на правилата за натпреварување на ЕУ и ја загрозуваат иднината на фудбалот, најпопуларната споредна работа во светот.

„Ова не е бејзбол. Светското првенство останува најголемиот спортски турнир на планетата и покрај тоа што ФИФА ја искористува секоја комерцијална можност. Но, доста е. Немилосрдната комерцијализација на фудбалот стана корозивна. Таа ги загрозува работите што го направија фудбалот најпопуларен спорт во светот“, наведе Микалеф.

Според него, најновите најави „покренуваат длабоки прашања за управувањето, независноста и судирот на интереси“.

„Особено се јавува загриженост кога регулаторните овластувања на ФИФА се усогласуваат со финансиските интереси на приватните субјекти“, додаде еврокомесарот за спорт.

Микалеф потести дека според одлука на Судот на правдата на ЕУ спортските правила се предмет на правото на Унијата, па во рамките на своите надлежности според Договорите на ЕУ, Европската комисија внимателно ќе ги проучи најновите предлози на ФИФА.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) најави итен онлајн состанок за оваа недела на кој ќе се разговара за предлозите на ФИФА.

ПредходнаДКСК предупредува на корупциски ризици со Предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“,