дома Свет Балкан Пожарот на Парос сè уште е надвор од контрола: Девет населби евакуирани

Пожарот на Парос сè уште е надвор од контрола: Девет населби евакуирани

Борбата против големиот шумски пожар на грчкиот остров Парос продолжи во текот на ноќта, додека пожарникарите се обидуваа да го стават пожарот под контрола.
Пожарот, кој избувна вчера попладне, се прошири во зори од областа Агаирија кон Трипити, објави ЕРТ.

Вкупно девет населби се евакуирани досега поради ширењето на пожарот.
Во текот на ноќта, грчките власти издадоа две наредби за евакуација.
Областите Агиос Хараламбос, Камби, Бугадос, Анерата и Камари се евакуирани од вчера попладне.
Според Противпожарната служба, 66 пожарникари во моментов се вклучени во гаснењето на пожарот, вклучувајќи четворица припадници на шумските командоси од единицата ЕМОДЕ од Атика.
16 противпожарни возила се распоредени на местото на настанот.
Во воздушната акција учествуваат два авиона и пет хеликоптери, од кои еден е наменет за координација на операцијата, пишува Катимерини.
Се очекува дополнително да бидат распоредени авиони подоцна.
Во гаснењето помагаат и локални волонтери, како и општината Парос, која обезбеди две цистерни за вода и едно противпожарно возило.

Се очекува дополнителни засилувања од 20 пожарникари со осум возила да пристигнат со брод од пристаништето Рафина.

Парос денес, среда, 29 јули, е во третата категорија на Картата за прогноза на ризик од пожар, што укажува на висок ризик.

ПредходнаТрамп заспа на погреб? Бела куќа: Размислувал за губење на драг пријател
СледнаПијанистката Кристијана Пегораро ќе ја одбележи Италијанската вечер на „Охридско лето“