Антикорупциската комисија денеска ќе одржи седница, а според најавениот дневен ред ќе треба да избира заменик-претседател.
Функцијата заменик претседател досега ја извршуваше Софија Спасова Медарска во рок од шест месеци.

Спасова Медарска дојде на оваа функција откако дотогашната заменик – претседателка Цвета Ристовска во февруари си поднесе неотповиклива оставка по отворените предмети за сомнежи за судир на интереси и непријавување имот.




