Иран нападна американски позиции, а тие возвратија заедно со саудијците на воени позиции во Ираk. Обновените судири се случија еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за „многу пријателски разговори“ со Иран. Во тој момент, двете страни не разменуваа напади трет ден по ред.

Пристапот до и контролата врз Ормускиот теснец останува клучна точка на сопнување во разговорите, за кои Техеран продолжува да инсистира дека не се одржуваат.
Цените на нафтата пораснаа рано утрово поради загриженоста дека нова ескалација на конфликтот би можела дополнително да го наруши снабдувањето со енергија преку Ормускиот теснец. Во утринската трговија во Азија, цената на референтната нафта од типот Брент порасна за 4,3 проценти на 87,70 долари за барел, додека американската сурова нафта порасна за 4,2 проценти на 82,62 долари.
Најновите напади се совпаднаа со посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа и присуствуваше на погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам, познат по својот цврст став кон Иран.
Според најновите податоци на Пентагон, најмалку 624 припадници на американските вооружени сили се ранети од февруари, кога Трамп нареди напади врз Иран.




