дома Македонија Црна хроника Пожар кај Велес: Активирани два авиона „ер трактор“ за гаснење на огнот

Пожар кај Велес: Активирани два авиона „ер трактор“ за гаснење на огнот

Попладнево избувна пожар во велешката месност „Дорутовец“, лоцирана по бензинската станица на „Макпетрол“, пред самиот влез во Велес од десната страна на патот гледано кон градот, соопштија од ДЗС.

„Поради силниот ветар и ризикот од дополнително ширење на огнената стихија, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона од типот „ер трактор“ сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

На терен во моментот дејствуваат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес. Во справувањето со пожарот се ангажирани 6 пожарникари со две противпожарни возила.

Акциите за локализирање и ставање под контрола на огнот се во тек“, соопштуваат од ДЗС.

ПредходнаСАД забранија увоз на хуманоидни роботи од Кина
СледнаОрганизирале борби со кучиња: Полицијата приведе двајца гостиварци