Се асфалтираат и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познатото во јавноста како старото турско училиште, каде се предвидуваат два спортски терена, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.
Под асфалтна површина ќе бидат 837 м2, а спортските игралишта ќе имаат тартан подлога.
Исто така проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки, реквизити, осветлување и урбана опрема.
Средствата се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.




