дома Свет Се урна противпожарен хеликоптер во Аргентина, 7 мртви

Се урна противпожарен хеликоптер во Аргентина, 7 мртви

Седум лица загинаа откако хеликоптер за гаснење пожари се урна во Аргентина. Инцидентот се случил во провинцијата Сан Хуан на 29 јули, објави Вион.

Се урна противпожарен хеликоптер во Аргентина, 7 мртвиХеликоптерот „Бел 412“, испратен да се бори со шумски пожари во природниот парк Искигуаласто, го изгуби контактот со базата. Леташе кон соседната покраина Ла Риоха за да ги поддржи операциите за гаснење на шумски пожар.

Гувернерот на Сан Хуан, Марсело Орего, изјави дека меѓу загинатите има пожарникари, полицајци и припадници на Цивилната заштита .

Причината за инцидентот се разјаснува. Во тек е истрага за случајот.

ПредходнаВИДЕО: Америка изврши одмазднички напади врз Иран
СледнаТри хороскопски знаци најмногу ја ценат искреноста и не можат да поднесат лаги