Франција продолжува да се бори со шумските пожари на југозападниот дел од земјата во Жиронда, Вар и Кот д’Ор, а 21 департман на истокот од земјата сè уште се под портокалова тревога за топлотен бран денес.

Префектурата Жиронда објави дека две лица се уапсени преку ноќ под сомнение за подметнување пожари, објави телевизијата BFM.
Пожарот во Жиронда „сè уште е под контрола“ утрово, по „релативно мирна ноќ“, соопшти префектурата на департманот.
Како што е најавено, пожарникарите продолжуваат да работат на рабовите на пожарот и на сите преостанати активни жаришта.
Во текот на ноќта, пожарникарите следеа шест активни пожари, особено во регионите Жиронда и Бордо, и јужно од езерото Лакано.
Според „Метео-Франс“, интензивен топлотен бран ќе продолжи „низ околу половина од источниот регион“ на земјата, од Франш-Конте до Корзика, каде што се очекува температурите да се движат помеѓу 35 и 38 степени Целзиусови, „со врвови од 39 степени Целзиусови во областа Лион и внатрешноста на департманот Вар“.




