Во населба Драчево вечерва треба да се спроведе терестична дезинсекција против комарци како превентивна мерка за состојбата со западно-нилската треска.

– Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје–Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и поради актуелната епидемиолошка состојба со лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска во земјава, велат од Министерството за здравство.
Посочуваат дека паралелно со оваа мерка, согласно годишниот план на ЦЈЗ–Скопје, континуирано се реализираат и редовните активности на територијата на Град Скопје.




