Светскиот ден против трговијата со луѓе се одбележува денес, 30 јули, со цел да се подигне свеста за овој проблем кај глобалната јавност.
Овој ден е воспоставен со Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации во ноември 2013 година.

На воспоставувањето на овој ден му претходеше сесијата на Генералното собрание на ОН во 2010 година, на која беше усвоен Глобалниот план за борба против трговијата со луѓе, кој им предложи на националните влади ширум светот да работат на координација, како и на преземање мерки за спречување на овој проблем.
Една од најважните карактеристики на Планот е воспоставувањето на Доброволен фонд за жртви на трговија со луѓе, особено жени и деца.
Според податоците на Обединетите нации, околу 600.000 жени, деца и мажи се наоѓаат во синџирот на трговија со луѓе секоја година.
Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNDOC) започна иницијатива за охрабрување на луѓето ширум светот, особено младите, да изразат не само солидарност, туку и да ги поддржат милионите жртви на трговијата со луѓе.
Жртви на трговија со луѓе можат да бидат жени, деца и мажи кои се принудени, измамени или принудени на проституција, како и на било која друга форма на работа или услуга.




