
Пукал во барот
Целта на нападот бил бар за наргиле, опишан како популарно место за собирање на млади луѓе во центарот на градот. Во моментот на пукањето, во барот и на прометната улица имало голем број гости, минувачи и туристи.
Улицата Кундурџилук е затворена за сообраќај, а полициските сили го обезбедуваат местото на настанот. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на нападот, а повеќе детали ќе бидат познати откако ќе биде завршена.




