Грчки државјанин се обидел на прошверцува 64.250 евра. Фатен е на граничниот премин Табановце.

Пријавил дека носи 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија, но поради сомневање во изјавата, царинските службеници со полициски службеник на Фронтекс извршиле детален претрес на возилото при што се пронајденни вкупно 124.250 евра.
Вратени му се 60 илјади евра колку што може да пренесе согласно Законот за девизно работење, а останатите девизи се одземени и против лицето е поднесена прекршочна постапка.
Царинската управа информира дека годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети се вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.




