Жешка есен најавува лидерот на опозициската СДСМ. По одморите, ќе поднесат интерпелации за министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ и за претседателот на Собранието Африм Гаши.
На брифинг со новинарите, Венко Филипче рече дека СДСМ ќе бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилкови.

-Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација за Стоилковиќ, штом почне Собранието со работа, во септември, рече Филипче.
Интерпелација најавува и за претседателот на Собранието, веднаш штом почне со работа Собранието.




