дома Македонија Уште не се знае од каде истече пената во Вардар, првичните резултати...

Уште не се знае од каде истече пената во Вардар, првичните резултати во граници на дозволеното

Министерството за животна средина излезе со првични резултати за пената во реката Вардар што се појави на 24 јули. Прелиминарниот извештај од 29 јули покажува дека анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води.

    Исто така при извршените надзори спроведени во индустриските субјекти не се евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води.

– Важно е да се напомене дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано, велат од МЖСПП.

По празниците, на 4 август се очекува да бидат готови и резултатите од мострите земени од акредитирана лабораторија по барање на Инспекторатот за животна средина.

ПредходнаСрпскиот премиер во Македонија
СледнаДва пожари во валандовско, дејствуваат ер тракторите