Вулканскиот облак од кратерот Етна на Сицилија достигна висина од околу седум километри и се шири кон западниот сектор на вулканот, а пепел е регистрирана и во градот Бронте, објавија денес италијанските медиуми.

Во меѓувреме, активноста на исфрлање на лава од кратерот Ворагине на Етна е запрена, а активноста на Стромболија ослабе, соопштија научниците, објави агенцијата Анса.
Податоците од опсерваторијата Етна (INGV) во Катанија покажуваат дека за време на интензивната фаза,
помал пирокластичен тек течел од кратерот Ворагине кон долината Вале дел Бове.
Според опсерваторијата, што се однесува до просечната амплитуда на вулканскиот тремор, по зголемувањето што започна утрово во 10 часот, тој веднаш нагло се намали, но остана во високиот опсег, во кој сè уште останува.
View this post on Instagram



