дома Македонија Општество ЈАВЕН ПОВИК ДО ПРИВАТНИ ИМАТЕЛИ ЗА ПОДАРУВАЊЕ АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ

ЈАВЕН ПОВИК ДО ПРИВАТНИ ИМАТЕЛИ ЗА ПОДАРУВАЊЕ АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ

Државниот архив во интерес на имателите и истражувачите од државата и
странство постојано презема активности за откривање и евидентирање на
архивските материјали што се наоѓаат во приватна сопственост. Ги
повикуваме сите граѓани кои имаат архивски материјал (документација) да
покажат општествена одговорност и да го подарат на Државниот архив како
институција која се грижи за колективната меморија и историското минато.
На приватните иматели (или правни наследници) им се нуди можност да
подарат архивски материјал кој е од особено значење за националната и
локалната историја како и за општествено-политичкиот, стопанскиот и
културниот живот во минатото.
На подарениот архивски материјал во Државниот архив и неговите
одделенија му се обезбедува соодветно сместување, физичко-техничка
заштита, стручно-научно истражување, проучување и обработка како и
негово користење за научни цели.
Архивскиот материјал наменет за подарување се категоризира според
неколку критериуми меѓу кои единственост, реткост и неповторливост на
архивскиот материјал, сочуваност, изворност и авторство.
Имателите и создавачите на архивски материјал се категоризираат според
времето, местото, улогата во функционирањето во државниот, политичкиот,
стопанскиот и културниот живот. Од подарените архивски материјали ќе се
формираат архивски фондови, кои во иднина ќе им бидат достапни на
истражувачите и од нив ќе произлегуваат вредни изданија од областа на
политичката историја, историја на секојдневниот живот, културната
историја и сл.
Сите заинтересирани може да се обратат на телефонскиот број 02 3237 211
локали 121 и 122, директно во Државниот архив, Кеј „Димитар Влахов“ бр.
19 во Скопје или на следните e-mail адреси: ljupka.andov@arhiv.gov.mk;
marjan.gijovski@arhiv.gov.mk. Информации за подарување архивски
материјал може да се добијат и во одделенијата на Државниот архив во
Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Велес и Куманово,
чии контакт-информации може да се најдат на нашата веб-страница
www.arhiv.mk.
ПредходнаШто се случува со црниот дроб ако редовно јадете лук
СледнаПравило „Две минути“ против акумулирање на секојдневниот стрес