
Американските амбасади на Блискиот Исток денеска ги предупредија државјаните на САД за можноста од „непредвидена ескалација“ на конфликтот во регионот и ги повикаа да бидат подготвени да заминат, објави France24.
Предупредувањата беа објавени на веб-страниците на амбасадите на САД во Бахреин, Ирак, Израел, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Соопштението доаѓа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со „многу силен“ удар.
Иран и САД се во војна од 28 февруари. Конфликтот беше прекинат со кратко примирје, но тоа пропадна по обновените напади. Без знаци на смирување, војната со месеци влијае на животите низ целиот регион и предизвикува нестабилност на глобалните енергетски пазари.
„Американците во регионот треба да размислат за напуштање или да бидат подготвени да заминат во случај на ескалација“, се наведува во предупредувањето.
Амбасадите им наложуваат на граѓаните да ја проверат достапноста на летови и да ги следат безбедносните упатства на локалните власти.

„Американците кои моментално се наоѓаат на Блискиот Исток треба да бидат исклучително внимателни и да се подготват за откажувања на летови, повремени затворања на воздушниот простор и можни прекини во патувањето“, се додава во соопштението.
Иран и САД се во војна од 28 февруари. Конфликтот беше прекинат со кратко примирје, но тоа пропадна по обновените напади. Без знаци на смирување, војната со месеци влијае на животите низ целиот регион и предизвикува нестабилност на глобалните енергетски пазари.
Иранската армија денеска го обвини Вашингтон за „поттикнување тензии“ во регионот.
„Секоја земја што служи како одбранбен штит за криминалната и агресивна Америка ќе се најде во пламенот на војната“, порача началникот на Генеералтабот на иранската Армија, Али Абдолахи во обраќање на државната телевизија.
Советникпот на иранскиот врховени лидер Мохамед Мокбер во објава на Икс предупреди за можни напади врз инфраструктурата на Иран.
„Вие пресметувате со воени равенки, но ние одговараме со логиката на историјата. Директен напад врз инфраструктурата на Иран ќе ги потресе темелите врз кои е изградена вашата 250-годишна хегемонистичка архитектура“, наведе Мокбер.

Минатиот месец, Иран и САД ги продолжија ноќните размени на оган по повеќедневниот прекин на огнот, но немаше нови напади минатата ноќ. Во среда, американски танкер за гас, кој се наоѓаше во египетско пристаниште, беше погоден од дрон, предизвикувајќи пожар. Египетските власти истражуваат, но сè уште не обвинија никого за нападот.
Британската агенција за поморска безбедност денесла објави дека „непозната ракета“ погодила танкер во близина на брегот на Оман.
Од почетокот на војната на 28 февруари, Иран ефикасно ја контролира пловидбата низ Ормуцкиот Теснец, инсистирајќи бродовите да добијат дозволи и да платат транзитни такси. Фирмата за следење на поморската трговија „Кеплер“ вчера објави дека сообраќајот низ Теснецот „нагло се намалил“.
„Бидејќи САД и Иран не отстапуваат од своите јавни ставови, операторите внимателно го следат сообраќајот, рутите и сите дипломатски настани што би можеле да го променат нивото на ризик во регионалните водни патишта“, објави компанијата.
Војната на Блискиот Исток започна со напади од страна на САД и Израел врз Иран, кој одговори со ракетни напади и напади со дронови.




