дома Свет Балкан Пожари во Хрватска: Огнената стихија зафати повеќе хектари површина, во гаснењето вклучени...

Пожари во Хрватска: Огнената стихија зафати повеќе хектари површина, во гаснењето вклучени пожарникари и авиони (ВИДЕО)

На хрватскиот полуостров Истра денеска во период од неколку часа избувнаа седум пожари, во чие гаснење се вклучени бројни противпожарни екипи со 20-тина противпожарни возила и авиони.

Три пожари избувнаа во реонот на Пула меѓу селата Штоковци и Бокордиќи, во близина на селото Орихи, как и кај Качани.

Во гаснењето на пожарите се вклучени членови на Јавната противпожарна служба од Пула, со помош на доброволни противпожарни екипи од околните градови. Командантот на противпожарната служба на Пула, Ивица Ројниќ, изјави дека трите пожари се ставени под контрола и дека во нив изгореле неколку хектари трева и ниска вегетација.

Во исто време, пожар избувна и во близина на селото Чепиќи во општина Опртаљ, каде на многу непристапен терен гори мешана шума, трева и ниска вегетација.

Пожарот го гаснат припадници на Јавната противпожарна служба на Умаг, како и доброволни противпожарни единици од Умаг, Опртаљ и Бује. На местото на настанот се распоредени 20 пожарникари со шест возила. Пожарот се проширил на површина помеѓу пет и десет хектари.

Во текот на денот, во областа на Лабин избувнаа уште три пожари. Првиот е пријавен во Влаково во 9:38 часот наутро, додека другите два избувналњ околу пладне во Ребуриќи и Бргуд. За овие интервенции беа распоредени вкупно 17 пожарникари со девет возила, а во гаснењето учествуваат членови на Јавната противпожарна служба на Лабин и членови на доброволни противпожарни одделенија од областа Лабин.

 

ПредходнаКаде има најдобра улична храна во светот
СледнаНајнов биланс на жртвите при упадот на мигрантите од Мароко во Сеута: 86 загинати