дома Македонија Нема нови случаи на западно-нилска треска, се чекаат резултатите од тројца пациенти

Нема нови случаи на западно-нилска треска, се чекаат резултатите од тројца пациенти

Нема новорегистрирани случаи на западно-нилска треска. Министерството за здравство информира дека се чекаат резултатите само за тројца пациенти за кои постојат сомневања дека се заразени.
– Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања, соопшти Министерството.
Во земјава се регистрирани официјално 13 пациенти од кои тројца се во критична состојба. Најголем дел од пациентите се заразени од домашни комарци, односно не патувале надвор од државата.

 

ПредходнаХиперхлорирањето го прават експерти, тврди Мицкоски
СледнаСанчез им одговара на европските лидери: Некои земји се водат од предрасуди, лажни вести, незнаење или политички интерес