Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на американската војска да започне нов напад врз Иран овој викенд, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на неименувани американски претставници.

Весникот наведува дека планираните напади имаат за цел да извршат притисок врз иранските власти да се согласат на капитулација.
Како што претходно објави CBS, САД планираат напади врз енергетската инфраструктура на Иран, вклучувајќи ги рафинериите и електраните.
Според извори на CBS, високи американски претставници разговарале и за можноста за прекин на снабдувањето со електрична енергија на Техеран денес, но за ова не е донесена конечна одлука.
Се разгледувала и можноста за завршување на операцијата пред отворањето на финансиските пазари во понеделник, поради загриженост за можните последици за американската и глобалната економија, но конечниот временски рок сè уште не е утврден.
Повеќе американски извори изјавија дека Израел е информиран за плановите и ги координира активностите со САД.




