дома Свет Најмалку тројца загинати, најмалку 15 повредени во експлозија во московски ресторан

Најмалку тројца загинати, најмалку 15 повредени во експлозија во московски ресторан

Најмалку три лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во експлозија во летната градина на ресторан на плоштадот Кудрински во Москва, соопшти денес руското Министерство за внатрешни работи.


Во соопштението се вели дека повредените се здобиле со повреди со различна тежина и се хоспитализирани, пренесува Спутник.
Службите за итни случаи се на местото на експлозијата и ги утврдуваат околностите на инцидентот.
Сообраќајот во околните улици е прекинат.

ПредходнаСтара Водејнца – гастрономски бисер, што мора да се види, да се почувствува и да се проба
СледнаФОТО | Полицијата експресно ги уапси пиштолџиите што се веселеа во Гостиварско