
Поради технички проблем при слетување на авион од типот Ербас А320 на шпанската авикомпанија „Иберија“ во Сплит, попаднево времено беа одложени сите полети од сплитскиот аеродром „Свети Јероним“, а авионите што требаше да слеатаат се пренасочени кон други аеродроми, соопшти хрватската воздухопловна управа.
Според хрватските медиуми, на авионот му пукнала ппредната гума при слетувањето, но благодарение на брзата и трезвена реакција на екипажот, бил избегнат посериозен инцидент и Ербасот на излетал од пистата. При инцидентот не е повреден никој од патниците и членовите на екипажот.
Поради блокирањето на пистата од страна на авионот, аеродромот е времено затворен за сообраќај. Дојдовните летови се пренасочуваат кон алтернативни аеродроми во регионот, а полетувањата се одложени.
Надлежните аеродромски служби и технички тимови се на терен за да обезбедат услови за безбедно отстранување на авионите од пистата и продолжување на сообраќајот.




