дома Свет Голем пожар во Жиронда ставен под контрола, пожарот во Вар стабилизиран

Голем пожар во Жиронда ставен под контрола, пожарот во Вар стабилизиран

Голем пожар во департманот Жиронда во југозападна Франција е ставен под контрола и повеќе не се шири, објави денес францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.


Според официјалните податоци, пожарот се проширил на 42.000 хектари и уништил 252 згради, околу 220.000 луѓе се евакуирани, а 208.000 од нив успеале да се вратат дома, објавува порталот BFMTV.
Пожарот во департманот Вар е исто така стабилизиран, но сè уште не е ставен под контрола, објавија француските власти, потврдувајќи дека изгореле околу 1.800 хектари земјиште.
Во меѓувреме, во 20 департмани е прогласена портокалова временска тревога поради топлотен бран.
Во интервју за локалниот весник „Трибјун Диманш“, францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј изрази жалење што „теоретичарите на заговор ја експлоатираат болката на жителите на селото Ле Порж“, бидејќи некои локални жители веруваат дека властите ги жртвувале своите домови за да ги заштитат оние на полуостровот Кап Ферет.
„Мојот одговор до нив е дека тоа не е вистина“, рече премиерот, осудувајќи ја експлоатацијата на болката на жртвите од страна на теоретичарите на заговор на социјалните медиуми, додавајќи дека пожарникарите донесуваат одлуки врз основа на еден критериум – спасување човечки животи.

ПредходнаПоради ИЛИНДЕН, братска Србија го затвори граничниот премин Прохор пчињски
СледнаВисок член на Шкаљарски клан убиен во Црна Гора