дома Свет Иран ги предупредува земјите од Персискиот Залив да не им дозволуваат на...

Иран ги предупредува земјите од Персискиот Залив да не им дозволуваат на САД и Израел да ја користат нивната територија

Иранското Министерство за надворешни работи ги предупреди земјите во регионот на Персискиот Залив да не им дозволуваат на САД и Израел да ја користат нивната територија за напади врз Иран, објави денес иранската новинска агенција Фарс.
„Владите во регионот имаат законска, верска и морална обврска да ги спречат САД и ционистичкиот режим да ја користат нивната територија и објекти за да го нападнат Иран“, се вели во соопштението на министерството.


Се додава дека континуираната поморска блокада и нападите врз иранските воени цели, цивилните области и инфраструктурата претставуваат „чин на агресија“ и кршење на Повелбата на Обединетите нации.
„Иран ќе го искористи своето право на легитимна самоодбрана“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

ПредходнаАктерот Винсент Пасторе, најпознат по улогата во „Сопранови“, почина
СледнаМакедонија го празнува Илинден. 2 Август – денот на државноста