дома Uncategorized Авион со туристи од Европа се урна во Перу, најмалку 13 загинати

Авион со туристи од Европа се урна во Перу, најмалку 13 загинати

Најмалку 13 лица загинаа при уривање на мал авион со туристи од Европа во јужноамериканската држава Перу, соопшти локалната полиција.

Според радиото РПП, авион се урнал на пат кон познатата туристичка атракција Назка, каде има нацртани животински и геометриски фигури на земјата, кои најдобро се гледаат од воздух.

Меѓу загинатите се седуммина Италијанци, двајца Германци, двајца Шпанци, како и двајца Перуанци, кои биле членови на екипажот на леталото.

Несреќата се случила по полетувањето од аеродромот Писко, околу 240 километри јужно од перуанскиот главен град Лима.

„Со оглед на обемот на несреќата, нема преживеани“, изјави полицискиот командант Хорхе Андраде.

Полицијата засега не соопшти детали за причината за падот на авионот, а перуанските воздухопловни власти започнаа истрага.

Во близина на Назка во авионска несреќа во 2022 година загинаа седум лица, меѓу кои двајца Чилеанци и тројца Холанѓани, а при уривање на мал авион во 2010 година животите ги загубија четворица британски туристи и двајца перуански членови на екипажот.

ПредходнаДоналд Трамп „доби“ автопат во Мароко
СледнаСкара во „Гиро Хаус“ во Лептокарија се запалила, пожарот е изгаснат