дома Македонија Политика Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение,но не по секоја цена!

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение,но не по секоја цена!

  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира нашиот европски пат, потврдувајќи дека се водат разговори „под радарот“, но не откривајќи повеќе детали.

  Ние не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех. Но, граѓаните треба да бидат спокојни дека нашата Влада јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно нацртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара. Така што работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение кое само по себе нема да биде одржливо и кое ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега, вели Муцунски.

Вели дека несомнено е потребен политички консензус по ова прашање, критикувајќи ја опозицијата за, како што вели, грешките во минатото и немањето капацитет да ги согледаат последиците од одлуките во 2021 и 2022 година.

-Дали државата назадува по европскиот пат? Легитимно е прашањето да го поделите на два дела. Прво е делот на тоа што правиме од стратешка природа во делот на внатрешните реформи. И евроамбасадорот кажа. Но ете, да не го парафразирам, најдобро е тие да ви дадат инпут, јас ќе ви кажам, ќе се види и последниот извештај што доаѓа на Европската комисија дека државата напредува во делот на реформите. ЕУ нагласува дека како држава ја пофалува нашата стратешка определба – ние сме земја со целосно усогласена заедничка надворешна и безбедносна политика, земја која што прва во регионот потпиша партнерство за одбрана и безбедност со ЕУ и земја која што знае каде ја води својата надворешна политика.

Но, точно е, ни останува предизвикот со Бугарија.  Во меѓувреме, дури и да се реши ова прашање, ќе бидеме најдобриот возможен кандидат и сме на вистинскиот пат во таа смисла, додава Муцунски.

ПредходнаЕден хороскопски знак го очекува интензивна недела полна со пресврти и страст
СледнаОд утре Астерфест во Струмица