дома Без филтер Поради пожари наредена евакуација на 60.000 луѓе во американската држава Вашингтон

Поради пожари наредена евакуација на 60.000 луѓе во американската држава Вашингтон

Властите на американската држава Вашингтон издадоа наредба за евекуација на околу 60.000 жители на градот Спокејн, во чија околина беснеаат три големи шумски пожари.

Според властите, пожарите во регионот досега уништиле површина од 2.180 хектари и околу 600 објекти, вклучувајќи домови и деловни простории.

Засега нема информации за повредени или загинати лица, но пожарот од вчера остави без струја околу 10.000 потрошувачи.

На теритријата на целата држава Вашингтон, според властите, пожарите зафатиле површина од околу 250.000 хектари.

Гувернерот на Вашингтон, Боб Фергусон изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и побарал помош од Федералната агенција за управување со вонредни состојби.

Гувернерот прогласи и вонредна состојба на територијата на целата држава.

ПредходнаГостиварци и натаму без вода за пиење, нови 84 прегледи
СледнаСе трага по 73-годишна државјанка на Словенија која на 1 август влегла во земјава