
Високите температури и недостигот на врнежи, придонесоа водата во многу европски реки да спадне на екстремно ниски нивоа, што претставува проблеми не само за речната пловидба, туку и за нуклеарните централи на кои им се потребни големи количини вода за ладење, како и за нормална работа на хидроелектраните.
Поради ова производството на електрична енергија е намалено или запрено во неколку европски земји.
Нуклеарните централи во Унгарија и Романија се затворени, а со работа прекинаа и реакторите во Франција.
Првиот од двата реактори на едиствената романска нуклеарна централа „Чернавода“ на Дунав беше исклучен пред неколку дена, а сега со работа престана и вториот. Операторот на централата, „Нуклеарелектрика“ како причина за ваквата постапка ги наведе „тешките сушни услови“. Централата обично обезбедува една петтина од потребите на Романија за електрична енергија.

Ова е прв пат двата блока да мора да бидат затворени поради ниското ниво на вода во Дунав. Реката достигна рекордно ниско ниво во некои делови поради недостигот на врнежи од дожд и последователни топлотни бранови. Нивото на водата, според извештаите, паднало на само една третина од просекот во јули.
Нуклеарна централа „Пакш“, кој исто така се наоѓа на Дунав, има чии четири реактори кои се клучни за снабдувањето со електрична енергија на Унгарија. Еден од реакторте веќе е надвор од работа поради недостиг на вода за ладење од Дунав, а се очекува преостанатите три да бидат исклучени во следните неколку дена.
Ситуацијата во Србија засега е стабилна, но властите повикуваат на заштеди. Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави за јавниот радиодифузен сервис РТС дека ситуацијата останува предизвикувачка кога станува збор за нивото на водата во Дунав, истакнувајќи дека најниското производство во Ѓердап е забележано во текот на мај, јуни и јули откако хидроцентралата е пуштена во употреба.

Нивото на водата е исто така критично ниско во речиси сите притоки на Дунав во Горна Австрија. Хидроцентралите во таа земја, која нема нуклеарки, веке ги чувствуваат последиците на ваквата состојба. Австрија има повеќе од 4.000 мали хидроелектрани, но многу од нив моментално работат со намален капацитет (до 50 проценти) или се целосно затворени.
Нуклеарните централи се соочуваат и со проблеми со водата за ладење во многу други земји. Франција, земја која во голема мера се потпира на нуклеарната енергија, е особено тешко погодена.
Минатата среда, еден од двата реактори во електраната „Голф“, која се наоѓа на околу 100 километри северно од Тулуз, беше затворен. Енергетската компанија ЕДФ претходно го затвори реакторот од 23 јуни до 3 јули, а потоа повторно од 9 до 27 јули за да се избегне понатамошно затоплување на реката Гарона.




