дома Гастронаутика Специјалитети Хорчата – летен освежителен пијалок

Хорчата – летен освежителен пијалок

Ледените чаеви и лимонадите важат за најпопуларни безалкохолни освежителни пијалоци, но се повеќе популарнa станува хорчата – традиционален мексикански пијалок.

Освежителна, кремаста и неверојатно вкусна хорчата е дел од традиционалната мексиканска кујна и често се служи со зачинети јадења, но и како осветижелен пијалок за време на топлите денови.

Се подготвува од ориз, вода, млеко, цимет и ванила. За разлика од класичните сокови, хорчата има богата текстура и сладок вкус со препознатлива арома на цимет. Потекнува од Шпанија, но во Мексико доби потполно нова верзија и денес е еден од пијалоците кои може да се најдат во рестораните, на улица и на трпезите на семејните собири.

Се приготвува лесно – потребни се само 200 грама бел ориз, 1 стапче цимет, 1 литар вода, 500 мл. млеко, 80-100 гр. шеќер, една лажица екстракт од ванила и мраз.

Оризот се вари заедно со циметот и се остава да отстои најмалку четири часа, но најдобро е цела ноќ. Смесата се блендира додека оризот не се иситни по што се процедува низ газа. Во исцедената течност се додава млекото, шеќерот и ванилата и се добро се промешува. Пијалокот се остава во фрижидер да се излади, а потоа се служи со мраз. По желба одозгора може да се посипе цимет. Пијалокот се служи во високи чаши со многу мраз.

ПредходнаЏон Галијано добива ретроспективна изложба во Институтот за костуми при Метрополитен музејот на уметност
СледнаЕден хороскопски знак го очекува интензивна недела полна со пресврти и страст