Тринаесетгодишно девојче е убиено, а уште две деца се повредени во напад со украински дрон во близина на игралиште во рускиот регион Белгород , објави Ројтерс, повикувајќи се на порака објавена на Телеграм од вршителот на должноста гувернер на Белгород, Александар Шаваев.

Извор: Supernova+/Телеграм канал/снимка од екранот
Според него, ударот се случил во близина на игралиштето во селото Принцевка, кое се наоѓа во близина на украинската граница.
Лекарите не беа во можност да го спасат девојчето, кое претрпе сериозни повреди, додаде Шаваев. Другите две девојчиња, на возраст од 7 и 9 години, се хоспитализирани.
Според новинските агенции во земјата, руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова го опиша ударот во близина на игралиштето како „уште еден нечовечки терористички чин од страна на режимот во Киев“.
Засега нема официјален коментар од украинското Министерство за одбрана.
Ова не е прв пат напади да се извршат во близина на игралишта во конфликтот. Во април 2025 година, руски ракетен напад врз Кривој Рог, во југоисточна Украина, уби 11 возрасни и 9 деца .




