дома Бизнис Нафтата поевтини на берзите по сигналите за можен договор меѓу САД и...

Нафтата поевтини на берзите по сигналите за можен договор меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските берзи паднаа под 80 долари за барел, по најавите дека е можен договор меѓу САД и Иран за крај на конфликтот и деблокада на Ормуцкиот Теснец.

На Лондонската берза, барел нафта попладнево се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 долари поевтино отколку на вчерашното затворање. На Њујоршката берза барел нафта чинеше 76,18 долари или 4,16 долари помалку.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари попланево соопшти дека напорите за надминување на конфликтот меѓу САД и Иран се во многу напредна фаза и меѓу страните се разменуваат нацрт документи за можен договор.

„Можеме да потврдиме дека сите страни продолжуваат со напорите. Додека разговараме, работиме на дипломатско решение“, изјави Ал-Ансари, чија земја заедно со Оман е посредник во индиректните разговори меѓу Вашингтон и Техеран.

Преходно и американскиот секретар за финансии Скот Бесент изјави дека договор за повторно воспоставување на сообраќајот низ Ормуцкиот Теснец би можел да биде постигнат денеска или утре.

Преговрите ги потврди и портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи и член на иранскиот преговарачки тим, Есмаил Багеи, но нагласи дека Иран не преговара со САД, туку со Оман за воспоставување привремена безбедна рута низ Ормуцкиот теснец.

Сепак, според аналитичарите, денешниот драстичен пад на цените на нафтата во голема мера бил „претеран“, бидејќи постои голема неизвесност. Тие посочуваат дека досега во неколку наврати стигаа сигнализа намување на тензиите, а потоа одеднаш работите ескалираа.

ПредходнаИталијанка фрлила лото ливче што носело добивка од милион евра