
Над 160 мигранти се спасени од брод кој се запали при обид да го премине каналот Ламанш од Франција до Велика Британија. Мигарнтите биле спасени откако утрово се запалил моторот и бродот почнал брзо да тоне.
Според досега достапните информации, при инцидентот нема загинати. Спасените мигранти се пренесени во француското место Булоњ сир Мер и се предадени на надлежните служби.
Ситуацијата на бродот драматично се влошила наутро, кога еден од мотор се запалил додека пловилото се уште се наоѓало во француската зона за пребарување и спасување. Потоа бродот почнал многу брзо да тоне, што предизвикало голема француско-британска операција за спасување.
На местото на настанот беа испратени неколку француски спасувачки бродови, хеликоптер на француската Воена морнарица, бродови на Британските погранични сили и брод на Кралска национална спасувачка служба.




