дома Свет Жена со нож избоде четворица мажи во центарот на Лондон

Жена со нож избоде четворица мажи во центарот на Лондон

Засега неидентификувана жена попладнево со нож избоде четворица мажи во централниот лондонски кварт Ковент Гарден.

Како што јави Скај њуз, жената, на возраст од 40-тина години, приведена под сомнеж за напад и поседување оружје.

На повредните мажи им е пружена прва помош на местото на настанот, по што се пренесни во болница во близина на центарот на градот. Засега нема информации за сериозност на повредите на мажите и за нивната здравствена состојба.

Лондонската полиција соопшти дека првичните сознанија од истрагата сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената жена, чиј идентитет не е соопштен.

Ковент Гарден е еден од најпопуларните туристички реони во центарот на Лондон.

Предходна„Блумберг“: Европски и руски претставници тајно преговараат за мир во Украина
СледнаНови тензии меѓу Америка и Кина. Си му одговори на Трамп со нови санкции