
Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика и ние ќе ги искористиме приходите од замрзнатите руски средства за да ја осигураме таа исплата, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Најавата на Фон дер Лајен следи по руските напади врз Киев и околината во текот на минатата ноќ при што загинаа најмалку 17 лица, а 51 се повредени. При нападите со ракери и дронови предизвикани се пожари во станбени згради, магацини и индустриски постројки.
– Дополнителни 1,4 милијарди евра ѝ ставаме на располагање на Украина. Ова ќе го поддржи континуираниот отпор на Украина против иллегалната војна на Русија, додаде Фон дер Лајен.

Европската комисија соопшти дека овие 1,4 милијарди евра преставуваат добивка остварена од каматата на замрзнатите парични средства на Централната банка на Русија што се чуваат во депозитарите за хартии од вредност.
Од почетотокот на годината замрзнатите руски средства во ЕУ генерираа вкупно 8 милијарди евра добивка од камати.
Средствата на руската Централна банка беа змрзнати врз основа на санкциите на ЕУ, воведени како одговор на руската агресија врз Украина. Со одлука на Европскиот совет приходите од каматите на овие средства може да се користат за поддршка на Украина. Оваа мерка е дел од континуираната посветеност на ЕУ за поддршка на Украина.




