Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Прилеп – Битола. Повредени се најмалку девет лица при судир на четири возила.
Лекарска помош им е пружена на повредените во Клиничката болница во Битола, а оттаму информираат дека едно лице е во потешка здравствена состојба и се третира оперативно.

Шест лица се наоѓаат на Одделението за хирургија, а тројца патници по укажаната лекарска помош се пратени на домашно лекување. Меѓу повредените има и државјани на Србија.
Од Обвинителството информираат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид и дал повеќе наредби и насоки за целосно испитување на причините за несреќата.




