дома Македонија СДСМ тврди дека Владата договорила прифаќање на Францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата...

СДСМ тврди дека Владата договорила прифаќање на Францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата лаже

СДСМ тврди дека Владата подготвува терен за прифаќање на Францускиот предлог и дека веќе тоа е договорено. Од ВМРО-ДПМНЕ демантираат.

– Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз, изјави денеска Андреј Жерновски, член на ИО и секретар за меѓународна соработка на СДСМ.

Последните пораки и настапи на Владата, вели Жерновски, јасно покажуваат дека се пропаднати сите обиди да се прикрие вистината пред граѓаните.

– Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме за нас некакви посебни договори и така натаму. Па најновото што го слушнавме од Мицкоски е дека ќе сме влегле во Европската Унија, ама без право на глас. Сето тоа падна во вода и веќе нема простор за нови импровизации, рече Жерновски.

Според СДСМ, Владата сега се обидува да го претстави како победа она што со години го осудуваше.

– Претстојат денови кога граѓаните, особено оние кои ја дадоа поддршката на ВМРО, ќе им стане јасно дека тоа беше партијата којашто врз основа на лаги дојде на власт и којашто сè уште со лаги владее, рече Жерновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ со став – опозицијата лаже. И портпаролот на партијата Валентин Манасиевски ја нарече опозицијата – талог.

– Талогот од СДС веќе не знае што повеќе да излаже. Ќе ве потсетам, лажеа со години дека ќе банкротираме во 2024 година, во 2025 година. Еве сега сме 2026. Не банкротиравме. А лажат дека ќе банкротираме и оваа година. Лажеа и за ИПАРД програмата, дека ќе биде блокирана, дека парите нема да бидат наменети за земјоделците, но еве и таа лага се распрсна како меур од сапуница. Лажеа за мигрантите. Ќе ве потсетам, велеа дека ќе дојдат во март, април, мај, јуни. Еве сега сме август. Нема ни трага ни глас од никакви мигранти по договорот со Обединетото Кралство. Лажеа за извештајот на европратеникот Томас Вајц. Лажеа, а сега денес слушаме и дека ние ќе го прифатиме тој француски предлог. Ние во Собранието имаме 2/3 мнозинство. Доколку сакавме да го направиме тоа, ќе го направевме. Немаше да чекаме волку голем период, изјави Манасиевски.

ПредходнаКако одговор на најновите руски напади ЕУ ќе и исплати 1,4 милијарди евра на Украина
СледнаГостиварци уште пијат флаширана вода, партиите се препукуваат дали е набавена на тендер или со спогодба