Гром погоди двајца млади луѓе од Белгија за време на планинарење на француската страна од Пиринеите.

Како што соопшти француската жандармерија, двајцата Белгијци се хоспитализирани со повреди, но се вон животна опасност. Едниот од нив доживеал и срцев удар.
Според полицијата, едниот од жртвите е на возраст од 21 година и засега изгубил секаков осет во нозете. Втората жртва е 14-годишник, кој се здобил со неколку изгореници.
Жртвите биле дел од група од околу 15 лица кои планинареле, врз која вчера некаде околу 15:30 часот ненаделно удрил гром во близина на местото Котерет. Тие во тој момент се наоѓале на надморска височина од 2.700 метри.
Француското Јавно обвинителство започна истрага за случајот.




